Како дел од рекреативниот центар Извор е и хотелот кој е направен во оригинален стил, од дрво во самите карпи. Местото е идеално доколку сакате целосно да се одморите и барем за миг да побегнете од градската средина и стресот кој го носи таа. Мирисот на јаворите, смоквите и калинките ќе ви овозможат целосно да се опуштите и да уживате во убавините на овој крај од нашата земја. Самата локација нуди можност да прошетате во блиските градови и да се запознаете со локалитетите на Источна Македонија.
1.3 км оддалеченост од плоштад во Валандово.
точна локација: надморска височина: 248 meters